Иако последниве години Кендал Џенер важи за модна икона, а јавноста ја обожава, сепак тие не се среќни што наградата „Модна икона на деценијата“ ѝ припадна нејзе. Наградата е дел од „Фешн медија авордс“, која секоја година доделува награди.
Меѓу многуте коментари стои дека Кендал има само 21 година и дека би требало да има 11 години кога почнала да се занимава со мода, а таа е во индустријата само пет години. Според светската јавност, оваа награда би требала да ѝ припадне на Ријана, пред сѐ, заради незаборавниот моден избор направен за спотот за песната „Амбрела“, но и заради константното менување на стилот во последните 10 години.