Меган: Која актерка и да ме игра на филм ќе биде моја карикатура создадена за пари

Меган Маркл откри дека размислува да се врати на глумата. Па на прашањето дали завршила со тоа или не, вели : „Не, завршив. Никогаш не кажувај никогаш, но апсолутно имам намера да се вратам“, вели таа. Маркл се повеќе размислува и која од нејзините колешки би можела да ја игра во идните филмски или телевизиски адаптации на кралското семејство.

„Сето тоа е чудно“, рече таа за приказната што се појави на насловната страница на „Варајети“. „Треба да ги разделите тие работи. Секој што зборува за мене или избира актерка да ме игра, тоа ќе биде моја карикатура која е создадена за бизнис што на луѓето и носи многу пари“.

Маркл добивеше мали улоги на телевизија и во филмови во раните 2000-ти, но конечно доби улога во американската серија „Suits“ на почетокот на 2011. Кон крајот на 2017 година се вери со принцот Хари и се повлече од актерството.

Нејзиното бурно искуство во светот на кралското семејство, што резултираше со тоа што таа и Хари станаа независни од семејството на почетокот на 2020 година, е спремно за адаптација на големиот екран. Маркл само се надева дека оној што ќе прифати да ја игра ќе ја разбере целата длабочина и слоевите на нејзината личност.

„Се надевам дека при подготовката за таа улога ќе најде мекост, разиграност и смеа“, изјави таа за „Варајети“. „Само се надевам дека ќе ги најде вистинските димензии. Исто така, може да ми се јави!“

Во моментов, Маркл и принцот Хари имаат богати договори со „Нетфликс“ и „Спотифај“.

Scroll to Top