Метју Пери е здрав и беше одличен во шоуто, велат неговите соработници

Бен Винстон, режисерот на „Пријатели: Повторен собир“ ги отфрли гласините за наводното нарушено здравје на Метју Пери.

„Да, тој беше одличен. Луѓето понекогаш може да бидат „нељубезни“. Би сакал да не беа. Тој е брилијантно смешен човек и мислам дека имаше неколку одлични досетки во шоуто. Се чувствував среќен само зашто бев во негово присуство и го насочував кон вакво нешто, изјави Винстон.

Метју Пери (51), инаку призна дека неговата борба со злоупотребата на супстанции трајно влијаела на неговиот живот. Во разговор за „Би-би-си радио 2“ во јануари 2016 година, Пери рече дека не се сеќава на најмалку три години од „Пријатели“ и оти сѐ тоа му е избришано од паметот.

И Кевин Брајт, извршен продуцент и режисер на шоуто, исто така, во четвртокот, се осврна на шпекулациите за состојбата на Пери во разговор за „Холивуд рипортер“.

„Луѓето го велат она што го сакаат. Беше одлично да се видам со него. И мислам дека беше многу смешен во шоуто. Мислам дека е добро. Ми се чини посилен и поприбран од последниот пат кога го видов и, возбуден е што оди напред“, вели Брајт.

Ѕвездата на „Пријатели“ годиниве наназад беше искрен за неговата борба со пороците, особено за двете рехабилитации за време на серијата што се емитуваше меѓу 1994 и 2004 година. И самиот се понуди како пример и помош за зависници.

Scroll to Top