Пол Рад: Жена ми ќе го избереше Кијану Ривс за најсекси маж на светот, и јас би гласал за него

Актерот Пол Рад, кој беше избран за најсекси маж за 2021 година, вели дека неговата сопруга Џули во анкетата на магазинот „Пипл“ ќе гласала за Кијану Ривс наместо за него.

„Таа ќе гласаше за Кијану… Тој е Кијану. Па и јас би гласал за него“, рекол Пол за „Екстра“ на премиерата на новиот филм „Истерувачи на духови: Задгробен живот“, во кој тој го глуми господин Груберсон.

Рад (52) и Џули (53), која работи како продуцент, се во брак од 2003 година и имаат две деца, синот Џек (17) и ќерката Дарби (12).

Пол претходно во интервју за „Пипл“ изјави дека неговата сопруга се изненадила кога дознала за оваа титула.

„Џули имаше симпатична реакција на веста, по мало кикотење и шок, таа рече: ‘добро е, им текна’. И тоа беше многу слатко. Таа веројатно не ја кажуваше вистината, но што да рече?“

Scroll to Top