Серена Вилијамс се качи на потпетици и стана заштитно лице на кралот на чевлите во Холивуд

Тенисерската ѕвезда Серена Вилијамс се качи на потпетици во новата кампања на кралот на чевлите во Холивуд Стјуарт Вајцман. Црно-белата кампања беше снимена од фотографот Итан Џејмс Грин. Серена носи бел блејзер и боди, со собрана коса, додека носи разни модели на чевли на Стјуарт Вајцман.

Брендот е препознатлив по минималистичката промоција и ангажира исклучиво убави и славни жени, како Кендал Џенер и Џиџи Хадид, ама сликите на Серена се  вистинко освежување по пауза од традиционалните модели на пистата.

Како заштитно лице на Вајцман, Серена ја користи можноста да го истакне брендот VitalVoices Global партнерство, што е непрофитна инвестиција во жени лидери кои водат глобални промени.

„Се надевам дека преку оваа кампања можеме да споделиме порака на надеж и оптимизам и да ги славиме жените и нивната можност да ги поддржат своите заедници“, рече Серена на Инстаграм.

 

 

 

 

 

Scroll to Top