Првата дама на Америка, Меланија Трамп, традиционално ја украси Белата куќа пред претстојните празници. Таа ја одбра темата „Убава Америка“ во класичен тон со цветни аранжмани, венци и богато украсени новогодишни елки низ резиденцијата.
Да потсетиме, претседателските избори се одржаа во Америка на 3 ноември, по што медиумите го прогласија кандидатот на демократите Џо Бајден за победник. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп не ги признава резултатите и тврди дека имало масовна кражба на гласови и се обидува тоа да го докаже законски.
During this special time of the year, I am delighted to share “America the Beautiful” and pay tribute to the majesty of our great Nation. Together, we celebrate this land we are all proud to call home. #WHChristmas pic.twitter.com/fdZmB3rdXL
— Melania Trump (@FLOTUS) November 30, 2020