(Видео) Пред да замине, Меланија за последен пат ја украси Белата куќа пред Божиќ

Првата дама на Америка, Меланија Трамп, традиционално ја украси Белата куќа пред претстојните празници.  Таа ја одбра темата „Убава Америка“ во класичен тон со цветни аранжмани, венци и богато украсени новогодишни елки низ резиденцијата.

Да потсетиме, претседателските избори се одржаа во Америка на 3 ноември, по што медиумите го прогласија кандидатот на демократите Џо Бајден за победник. Републиканскиот кандидат Доналд Трамп не ги признава резултатите и тврди дека имало масовна кражба на гласови и се обидува тоа да го докаже законски.

Scroll to Top