Во домот на Роналдо не смее да се зборува за Меси

Катја Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, во интервју за францускиот весник „Л’Екип“ открила дека името на Лионел Меси не смее да се изговори во нивната куќа.

„Не зборуваме за Меси во домот. Кристијано знае дека надвор од дома, има цел свет кој зборува само за фудбалот и за нив двајца, но дома е заштитен од тоа. Тука ги полни батериите“, рекла Катја Авеиро во интервјуто.

Ова дополнително потврди дека Кристијано Роналдо и Лионел Меси не се сакаат и дека ривалството меѓу нив двајца не е само на теренот.

 

Scroll to Top