Жените сакаат нос како Меган Маркл

Пластичните хирурзи во светот последните неколку месеци се повеќе добиваат барања од жени кои сакаат да направат корекција на носот за тој да личи на носот на Меган Маркл. Жените се со специфични барања – тој да е тесен и балансиран, исто како носот на идната британска принцеза.

 

Меган-манијата владее со светот откако стана јасно дека врската на принцот и актерката е сериозна. Облеката што таа ја носела кога со принцот Хари ја објавиле веридбата се распродала за неколку часа. Многу жени во САД и Британија веќе побарале и реплика на нејзиниот свршенички прстен.

Scroll to Top