21 година од смртта на принцезата Дајана

Пред 21 година се случи трагичната несреќа во која почина принцезата Дајана. Трагичната сообраќајна несреќа се случи во Париз, а британската принцеза позната како Лејди Ди (37), зад себе ги остави двајцата принцови, војводата од Кембриџ Вилијам, и војводата од Сасекс Хари.

Дајана е позната во јавноста како жена која доживеа голем број на падови и издигнувања во животот. Како и повеќето свои врснички од мала сонувала дека еден ден ќе стане принцеза. Сонот и се остварил во моментите кога го запознала принцот Чарлс.

Иако долго време се познавале, вистински се зближиле во 1977 година. Чарлс бил занесен од нејзината убавина, а таа го сметала за многу привлечен. Три години подоцна, се создала романса меѓу нив двајцата.

Кога почнале да излегуваат Принцот Чарлс сакал да ја запознае со неговата поранешна девојка Камила, со која и по прекинувањето на врската, останале добри пријатели.

Пријателите на Чарлс ретко кога ги одобрувале неговите врски со девојките. Особено биле против врската со Дајана. Многумина од нив му посочувале дека двајцата немаат ништо заеднички и дека немаат никакви заеднички интереси. На пример Дајана сакала да чита љубовни романи и убава литература, додека Чарлс исклучиво читал историски и филозофски книги.

„Немаа доволно соочувања. Чарлс немаше разбирања за чувствата на Дајана. Отсекогаш него го интересираше најмногу објективноста. Не знаеше да се носи со своите, а уште помалку со чувствата на Дајана. Можеби тоа се должи на начинот на живот. Целиот негов живот луѓето му слугувале и не морал да се грижи за себе си. Дури ни облеката не си ја одбирал самиот. Никој никогаш не му викал, освен можеби неговиот татко. Затоа не знаеше да се расправа со Дајана, ниту пак знаеше како да реагира на нејзините испади“, вели близок пријател на принцот од Велс.

Дајана кога открила дека Чарлс е во љубовна врска со Камила, станала љубоморна. Како се ближел денот на венчавката, така Дајана станувале се повеќе и повеќе несигурна во себе. Била опседната со Камила и ги избегнувала настаните на кои знаела дека ќе се појави и таа.

Дајана често имала испади на бес кои кај принцот само ги буделе чувствата на самотија. Никој не можел да ја убеди дека нема причина за грижи. На Чарлс не му било план да ја изневери, но бил слаб со нервите и целосно бил изгубен. Почнал дури и да ја избегнува.

„Едно попладне шест часа ја слушав како плаче. Се жалеше на Чарлс и удираше по мебелот. Фрлаше работи по собата. Беше ужасно, не можеше никој да го спречи нејзиниот бес“, изјавил еден пријател на Чарлс, на кого принцот му се доверил дека со Дајана се чувствува како да е во затвор.

Бракот меѓу нив двајца полека но сигурно пропаѓал. Тогаш било јасно дека само неговата пријателка Камила може да го смири. Му била рамо за плачење и сватил дека само таа е единствената која може да го разбере. Камила не сакала принцот да ја изневери Лејди Ди, затоа што знаела каква болка тоа носи со себе. И таа била изневерена од нејзиниот поранешен сопруг. Но, на крајот сепак Чарлс и Камила завршија заедно.

На крајот на 1992 година, кралската двојка објави дека ќе се разведе. Чарлс две години подоцна го призна своето неверство, но и Дајана призна дека била неверна.

Папараците постојано и беа зад петите. Откако ја започна својата врска со Чарлс, па се до нејзината смрт, интересот за неа беше голем. Често Дајана знаеше да негодува поради наметнатиот притисок, а истовремено беше свесна за големото влијание кое го има и способноста која и била потребна за да ги шармира новинарите и фотограферите. Чарлс од друга страна не бил до толкав интерес кај јавноста. Дајана постојано ги полнела насловните страни низ светските магазини и стана најпознатата самохрана мајка во светот.

Гласините за нејзините наводни романси беа секаде главни вести.

 

Scroll to Top