Мила Јовович: Дедо ми се борел во редовите на југословенските партизани

Актреката Мила Јовович се пофали со нејзините предци, велејќи дека дедо и се борел во редовите на југословенските партизани во во Втората светска војна.

Таа тоа го објави на Инстаграм, велејќи: „Мојот дедо од татко Богдан Јовович се борел во редовите на југословенските партизани. Би можело да се каже дека потекнувам од семејство на борци, војници и револуционери, и јас сум горда на моето наследство и неверојатните луѓе од кои потекнувам“. Потоа додава: Кога работите одат тешко, мислам за тоа низ што мина баба ми кога беше уште дете и ништо повеќе не изгледа толку напорно. Денес ни требаат повеќе вакви луѓе.

Scroll to Top