Шарлин Спитери, пејачката на шкотскиот бенд „Тексас“ од пред два дена е во Скопје. Таа пред вечерашниот концерт се прошета во центарот на градот, а на фановите им се пофали дека е на кафе во старата чаршија.
„Со Ед уживаме во турското кафе“ стои покрај фотографијата што Шарлин ја објави на својот инстаграм-профил, а на која е со еден од своите соработници.
Таа објави и слика од плоштадот Македонија, но и видео од посетата на Куршумли ан.
„Скапоцен камен од 10 век во Скопје“, напиша пејачката.
Кога пристигна во Скопје, Шарлин прво се сретна со новинарите. Таа откри дека за Македонија првпат слушнала гледајќи „Евровизија“, а рече и дека со нетрпение чека да се прошета низ градот и да ја проба македонската храна. За „Репортер“ пејачката се сети на почетоците на кариерата, откри детали за свадбата што се одржа на почетокот на месецот, а раскажа и за својата хуманитарна работа поврзана со децата болни од рак.
Светски познатите музичари вечерва од 21 часот ќе го одржат својот прв концерт во Скопје, во спортскиот центар „Кале“. Еден час претходно ќе настапи македонскиот бенд „Ареа“. Организатор на концертот е „Авалон“.
Шарлин од „Тексас“ дојде гладна во Скопје, ѝ понудија тавче-гравче