50 Сент рече дека одењето на забар му било полошо од пукање во лице

Американскиот рапер 50 Сент во шоуто на Хауард Стерн рече дека одењето на забар било полошо за него отколку куршум во лице. Раперот во 2000 година беше застрелан девет пати во Квинс. Доби куршум во рака, нога, гради и лице, а му беа и нозете скршени. Мина 13 дена во болница, по што целосно се опорави.

dobivaj vesti na viber

Иако прими девет куршуми, во емисијата рече дека постои нешто и многу поболно од тоа.

„Не знам како да објаснам. Не болеше толку колку посетата на забар, кога лечев корен на заб“, рече 50 Сент. За потсетување, напаѓачот пукал во раперот затоа што бил платен за тоа, а 50 Сент рече дека тоа било несреќен случај и дека тој настан не му дал уличен кредибилитет.

Scroll to Top