Актерот Чарлс Денс има одиграно бројни важни улоги, а на светската публика и е најпознат како Тајвин Ланистер од серијата „Игра на тронови“.
Неговиот турбулентен љубовен живот често привлекува внимание, а веќе некое време е во врска со сликарката и филмска продуцентка, 55 -годишната Алесандра Алма Маси, која е 22 години помлада од него. Ја запознал на снимањето на филмот „The Book of Vision“, а папараците неколку пати ги фотографирале како уживаат заедно.
Тие сега беа фотографирани од папараците на нудистичка плажа во Шпанија, а овие фотографии го обиколија светот.
Чарлс со години беше во брак со скулпторката Џоан Хајторн, со која има две деца, синот Оливер и ќерката Ребека.
Тој и Џоан се венчаа во 1970 година, а се разведоа во 2004 година, поради неговото неверство. Тој сега истакна дека му е жал што ја изневерил сопругата.
„Паднав на искушението и мојот брак заврши поради моето однесување“, рече еднаш актерот.
Уште пред разводот го поврзуваа со Емилија Фокс, а подоцна се забавуваше со 33 години помладата колешка Софија Мајлс.
Двајцата беа во врска две години, од 2003 до 2005 година.
Денс беше во врска и со 26 години помлада манекенка и 25 години помлада сликарка, Елинор Бурман, со која беше од 2008 до 2012 година, а ја имаат ќерката Роуз.
Фотографиите на ЛИНКОТ.