Адел го прослави роденденот како Кејт Винслет во „Титаник“

Британската пејачка Адел го прослави својот 30. роденден. За роденденската журка пејачката се маскира во Роуз, ликот што Кејт Винслет го глумеше во „Титаник“. Целата забава на Адел се одвиваше во стилот на „Титаник“ вклучувајќи ја и сценографијата.

„Не сум сигурна што ќе направам во наредните 30 години бидејќи јас бев повеќе од благословена досега во мојот живот. Ви благодарам што ме поддржувавте во последните 11 години“, изјави пред некој месец Адел.

Таа откажа дел од концертите поради проблеми со гласните жици и неколку месеци не се појавуваше во јавноста.

Scroll to Top