Светската пејачка Адел за неколку недели симнала повеќе од петнаесет килограми, пишуваат британските медиуми. Пејачката со нејзиниот нов пријател Алан Кар се појавила на концертот на Селин Дион, а фановите ја забележаа нејзината витка линија и ја пофалија дека изгледа како модел.
„Жено ти си се преполовила. Никогаш не си изгледала подобро. Симни уште десетина килограми и ќе бидеш како модел“, пишуваат фановите.
Пејачката пред три месеци се разела од бизнисменот Симон Концки, со кого била три години во брак и седум години во врска. Портпаролот на пејачката изјави дека двојката се развела и дека нема да даваат дополнителни коментари на оваа тема, пишува „Мирор“.
Двојката го доби синот Ангел во 2012 година, а во соопштението испратено до јавноста, навеле дека и двајцата ќе продолжат да го гледаат во љубовна и мирна атмосфера.
Британската пејачка во интервју за „Ванити Фаир“ изјавила дека по раѓањето на синот се борела со постпородилна депресија и дека поради тоа во раната младост морала да оди на психотерапија.
Адел е меѓу најистакнатите музичари во светот. Со песната Hello која се наоѓа на последниот албум, кој Адел го објави година дена, пред големата музичка пауза, успеа да продаде повеќе од милион примероци за недела дена.
Пејачката има издадено три студиски и еден концертен албум.