Адел ќе одржи прв концерт по пет години пауза

Светската музичка ѕвезда Адел откри дека на 1 и 2 јули догодина лето ќе одржи два концерта во лондонскиот Хајд Парк. Ова ќе бидат први концерти на Адел по пауза од пет години.

По најавата на Адел (33), британските медиуми објавија дека паднала нејзината веб-страница, бидејќи обожавателите брзале да се пријават за претпродажба на билетите.

Адел се врати на музичката сцена пред две недели со синглот Easy On Me, кој беше на врвот на американските и британските топ-листи минатата недела. Таа во ноември ќе го издаде четвртиот студиски албум „30“, шест години откако го издаде албумот „25“.

Scroll to Top