Адел ќе паузира од музиката, оти сака да заврши факултет

Британската пејачка Адел откри дека ќе се одмори од музиката по турнејата во Лас Вегас бидејќи планира да заврши англиска книжевност.

Пејачката, која неодамна го објави спотот за нејзината нова песна I Drink Vine, рече дека одлучила да се посвети на нејзиното образование.

„После Вегас, многу сакам да дипломирам англиска литература. Да не успеав со пеењето, мислам дека дефинитивно ќе бев професорка по англиски јазик“, рекла Адел.

Адел открива дека љубовта кон јазикот успеала да ја внесе во своите песни.

„Се чувствувам како да ја користам мојата страст за англискиот јазик во она што го работам. Иако не е дека би се вработила по дипломирањето, посакувам да одев на факултет, би сакала да го имав тоа искуство. Нема да одам на факултет, ќе учам онлајн и со тутор, но тоа е мојот план за 2025 година. Само да ги добијам моите квалификации“, вели пејачката.

Scroll to Top