Адел се укочила пред концертот во Лас Вегас, па рече дека страда од ишијас

Британска пејачка Адел неодамна откри дека страда од ишијас и дека има силни неподносливи болки. Се започнало кога таа имала предновогодишен настап во Лас Вегас, и кога се укочила и не можела да се движи.

„Требаше само да одам на другата страна на сцената. А овие деново морам да одморам бидејќи имам тежок ишијас“, изјавила Адел за време на настапот.

Ишијасот е нервна болка предизвикана од повреда или иритација на ијатичниот нерв, која потекнува од долниот дел на грбот (лумбалниот ‘рбет) и се шири низ колковите, глутелите и понатаму во ногата. Предизвикува силна болка и трнење.

За време на движење, кивање или кашлање, некои луѓе може да почувствуваат прилично силна болка. Освен болки во грбот, може да се јави и во долниот дел на грбот, ногата или стапалото. Експертите советуваат неколку работи за намалување на болката и забрзување на закрепнувањето, вежби за ишијас, топли облоги на болни места и лекови против болки по совет на лекар или фармацевт.

Scroll to Top