Адел со дечкото ужива на одмор во Сардинија

Пејачката Адел и нејзиниот нов дечко, спортскиот агент Рич Пол, се на одмор во Италија. Папараците ги снимија додека беа на летување во Сардинија. Кога стигнаа пејачка носеше шарен фустан и беше добро расположена. Пол носеше бели кратки шорцови и шарена маица.

Адел и Пол се заедно од минатата година и тоа е нејзината прва врска по разводот од Сајмон Конецки со кого го има 9-годишниот син Анџело.

За потсетување, парот во јуни беше на венчавката на НБА-играчот Кевин Лав (33) и манекенката Кејт Бок (34) во Њујорк. Пејачката дојде во црн фустан на Александар Меквин, додека Пол носеше класичен костум.

Scroll to Top