Адел живее на иста улица со поранешниот сопруг, поради синот

Пејачката Адел и нејзиниот поранешен сопруг Симон Конецки, живеат на иста улица, еден спроти друг, само заради синот, пренесува британски „Мирор“. Двајцата одлучиле дека тоа е најдобро за нивниот седумгодишен син Ангел.

На тој начин, тие велат дека ќе моат да се гледаат и дружат почесто и ќе му бидат поддршка додека расте. Адел и Симон, пред неколку месеци објавија, двајцата ќе се разведат. Адел на Симон му ја подари клуќата во Лос Анџелес.

„Двајцата прават сè за му го олеснат животот на Анел. Сакаат да се чувстува понормално и побезболно. Ангел е нивниот центар на светот. Адел повторно ужива во улогата на мајка и ситуацијата да остане дома, поради коронавирусот, е нешто кое не и падна толку тешко. Таа му помага на Ангел околу школото, готви и уживаат играјќи заеднички игри“, вели извор близок до поранешната двојка.

Адел и Симон започнаа да се гледаат во 2011 година, но деталите од приватниот живот, не ги откриваа во јавноста. Никогаш, официјално, не потврдија дека се во брак, но гласините на крајот се покажаа како точни, кога биле видени со венчалните прстени. Судбоносното „да“, го кажаа во тајност во 2016 година.

Адел на 59. доделување на „Греми“ наградите, му се заблагодари на сопругот, кога ја зема наградата и на тој начин потврди дека е во брак. Заедно издржаа три години.

 

Адел во последните неколку месеци, своите обожаватели и јавноста ги изненади со драстичната трансформација на својот изглед. Таа се пофали дека изгубила 45 килограми. Таа е една од ѕвездите чие гломурозно издание, отсекогаш се разликувало од оние кога е поопуштена. Таа често знаела да биде снимена и без шминка на лицето.

На почетокот на мај, таа објави фотографија во фустан, кој и ги истакна нејзините облини.

Scroll to Top