Бразилската манекенка Адриана Лима по петгодишна пауза повторно ќе биде дел од „Викторија сикрет“, а тоа го сподели со своите фанови на Инстаграм.
Лима е заштитно лице на кампањата, таа е во главна улога за парфемот „Heavenly“.
„Толку сум возбудена што повторно ќе работам со „Виторија сикрет“, тие ми се како семејство. Да се биде заштитно лице на оваа иконска кампања е толку посебно. Мисијата на „Викторија сикрет“ е да ја слави секоја жена. Неверојатно е повторно да се биде на снимање“, изјавила манекенката.
View this post on Instagram
Лима е мајка на три деца. Првите две, ќерките Валентина и Сиена ги доби во бракот со српскиот фудбалер Марко Јариќ. Двојката се раздели во 2014 година по пет години брак. Минатата година манекенката го доби своето трето дете со момчето Андреа Лемерс. Синот Сијан Лима Лемерс е роден на 29 август во Санта Моника, Калифорнија.