Адриен Броди открива: Имав ПТСН и нарушување во исхраната по снимањето на „Пијанист“

Aктерoт Адриен Броди откри дека развил пореметување во исхраната и посттрауматско стресно растројство (ПТСН) откако изгубил екстремна тежина за неговата оскаровка улога во филмот „Пијанист“ од 2002 година.

Броди, тогаш 29-годишен, во филмот го играше полскиот музичар Владислав Шпилман, преживеан од Холокаустот.

„Дефинитивно имав пореметување во исхраната најмалку една година“, рече тој во интервју за Vulture, додавајќи: „И тогаш бев во депресија една година, ако не и цел живот. Само се шегувам, само се шегувам“, додаде тој.

Покрај нарушувањето во исхраната, тој детално опиша како страдал од несоница и напади на паника долго по завршувањето на снимањето на филмот на Роман Полански од 2002 година. Рече дека за улогата го продал својот автомобил и ги елиминирал другите погодности како телефон од неговиот живот. Ги оставил и другите лични работи за да не му го одвлекуваат вниманието.

Поради филмот, вели тој, бил на ригорозна диета, дозволувајќи си само мали количини на протеини додека тренирал да свири пијано. На крајот паднал на само 58 килограми. Тој и неговата тогашна девојка раскинале, а живеел само на вода.

„Тоа беше физичка трансформација која беше неопходна за приказната. Но, потоа некако духовно ме отвори, почнав да ги разбирам празнината и гладот ​​на сосема поинаков начин“, признал тој.

По премиерата на филмот, Броди направи една година пауза од актерството.

„Тој доби Оскар, но не доби ништо што беше пропорционално на неговиот успех. Затоа одби многу гадни улоги после тоа“, откри неговиот татко Елиот Броди.

Патем, Броди е познат по неговите ригорозни методи на подготовка за улоги. На пример, за научно-фантастичниот трилер „Д Џекет“ од 2005 година, во кој неговиот лик е испратен во ментална институција, тој побарал од режисерот да го врзе во лудачка кошула за да почувствува како е. Покрај тоа, за улогата во „Кислород“ наместо протетика доби метални протези за својот лик.

„Не знаев колку е болно додека не ја заглавија клештата и на крај ја тргнаа од забите“, се сеќава тој.

Scroll to Top