Брајан Фридман, адвокатот на актерот Џастин Балдони, објави дека планираат да ја тужат Блејк Лајвли откако веќе поднеле тужба за клевета против Њујорк Тајмс.
Во интервју за Ен-би-си, Фридман рече дека правната постапка против Њујорк Тајмс нема да биде последна. На прашањето дали планираат да ја тужат Лајвли, тој рече: „Апсолутно“.
Фридман, исто така, одговори на федералната жалба поднесена на 1 јануари од Лајвли, во која се тврди дека била координирана кампања на Балдони и неговиот тим за да се оцрни нејзината репутација додека го промовирала филмот „Завршува со нас“.
Фридман беше прашан дали има некаков вид организирана кампања за да се оцрни јавниот имиџ на Блејк Лајвли. „Сто проценти не. Џастин Балдони уште од самиот почеток рече: „Не сакам да и направам ништо негативно. Не сакам да ја повредам“, вели адвокатот.
Тие се подготвени, вели тој, да изнесат огромен број СМС-пораки во тужбата против Лајвли, што, како што рече, ќе го обезбеди контекстот потребен за докажување на невиноста на неговиот клиент.
„Повеќе од подготвен сум да ја објавам секоја порака што постои за светот да ја види, да ја види вистината и самите да утврдат што се случило“, рече Фридман.