Еден од најпознатите американски рок бендови, Аеросмит, најави проштална турнеја која ќе одбележи повеќе од пет децении работа. Тие ја објавија веста во видео со повеќе ѕвезди во кое, меѓу другите, се и Ринго Стар, Доли Партон и Еминем, јавува Би-Би-Си.
„Подгответе се и тргнете вака, ќе го добиете најдоброто шоу во нашите животи“, им порача на обожавателите легендарниот бенд.
Турнејата ќе започне во Филаделфија на 2 септември, а ќе заврши на 26 јануари следната година во Монтреал, а новогодишниот концерт ќе биде во Бостон, каде што се формирани. Предвидени се 40 концерти.
„Мислам дека е време да прославиме повеќе од половина век од кога сме тука. Никогаш не знаете колку долго сите ќе бидат здрави за да го направите ова. Помина извесно време откако направивме вистинска турнеја“, изјави 72-годишниот гитарист Џо Пери.
Минатата година, бендот откажа дел од шоуто во Лас Вегас, откако фронтменот Стивен Тајлер замина на рехабилитација.
„Ја отвораме Пандорината кутија за последен пат за да им ја претставиме на нашите фанови турнејата „Calm Down“. Бидете таму и внимавајте додека ги вадиме нашите играчки од таванот. Подгответе се“, рече седумдесет и петгодишниот Тајлер.
Аеросмит е формиран во 1970 година и е најуспешната американска хард рок група по бројот на продадени албуми. Тие продадоа 150 милиони примероци ширум светот, вклучувајќи 66,5 милиони во САД.