Оперската пејачка од Татарстан, Аида Гарифулина блесна во друштво на легендарниот напаѓач на Бразил Роналдо и светски познатиот британски пејач Роби Вилијамс за време на церемонијата за отворање на Светското првенство во фудбал во Русија.
Аида е сопран. Во 2013 година, на покана на уметничкиот раководител на Маринскиот театар таа дебитираше на петербургската сцена во улогата на Сузана во операта на Моцарт „Свадбата на Фигаро“.
Операта „Војна и мир“ во адаптација на британскиот режисер Греам Вик со Гарифулина во главната улога стана позната во цела Европа.
Истата година пејачката победи на Меѓународниот натпревар Operalia во Верона (Италија).
Од почетокот на сезоната 2014/2015, таа е солистка на Виенската опера.