Ајс Кјуб изгубил милиони затоа што одбил да се вакцинира против корона

Познатиот американски рапер и актер О’шеј Џексон Јуниор, познат како Ајс Кјуб, призна дека изгубил милиони затоа што не сакал да се вакцинира против корона. Ајс рече дека изгубил девет милиони долари да глуми во филм, но не му дозволиле затоа што претходно требало да ја прими вакцината.

Во поткастот Million Dollaz Worth of Game, зборуваше дека требало да глуми во комедијата на „Сони“, Oh Hell No, но тоа на крајот не се случило.

„Не сакав да ме боцкаат. Нека се гони и вакцина и сите кои сакаа да ме натераат да се вакцинирам. Не знам зошто Холивуд сега мисли на мене. Не ми ја дадоа улогата затоа што не сакав да се вакцинирам. Јас не ги одбив, тие ме одбија мене. Таа вакцина не ми треба, а не ни заболев од корна на крајот“, рече Ајс.

За време на поткастот го прашаа и што мисли, дали поради овој инцидент треба да го напушти Холивуд и да се префрли на друга платформа.

„Работам во моментов на нешто. Имам и јас кецови во ракав“, објасни актерот.

За потсетување, Ајс Кјуб за време на пандемијата заговараше носење на маски. Произведуваше и маици со натписи, а во 2021 година донираше 2000 маски во колеџ во Оклахома.

За потсетување, американските медиуми уште во 2021 година пишуваа за тоа како изгубил милиони поради вакцинирањето, а тој сега тоа и го потврди.

Scroll to Top