Академијата не му укажа признание на Лук Пери за време на Оскарите

На годинашното 92. издание на „Оскар“, академијата не му укажа признание на телевизиската ѕвезда Лук Пери. Името на глумецот кој имаше богата кариера и кој беше најпознат по улогата на Дилан во серијата „Беверли Хилс“ не се најде меѓу имињата на великаните како Коби Брајант, Дорси Деј, Питер Фонда, Кирк Даглас, Тери Џонс и други.

Академијата секоја година има обичај за време на доделувањето на наградите да се потсети на глумците, режисерите и останатите филмски работници кои починале претходната година.

Лук Пери почина на 4  март минатата година од мозочен удар. Последните моменти тој ги мина со своето семејство и пријатели. Покрај „Беверли Хилс“, Лук Пери глумеше и во серијата Riverdale, како и филмовите „Петтиот елемент“ и „Осум секунди“. Една од последните улоги му беше во филмот на Тарантино „Си било еднаш во Холивуд“, филм кој беше номиниран и за „Оскар“.

 

 

Scroll to Top