Ако дозволиме Украина да се бори сама, душата на Америка ќе биде изгубена, рече Шон Пен во Киев

Американскиот глумец Шон Пен во моментов е во Украина каде снима документарец за руската инвазија врз земјата. Тој за магазинот People рече дека во Киев стигнал уште пред Путин да го нареди нападот. Рече и дека рускиот претседател ја направил најголемата грешка во историјата.

„Тоа е брутална грешка која ќе одземе голем број животи и ќе скрши уште поголем број срца. Ако не попушти сега верувам дека Путин ќе ја направи најстрашната грешка за целото човештво“, рече Шон Пен за People.

„И ако дозволме Украина да се бори самата, душата на Америка ќе биде изгубена“, дополни тој.

Оскаровецот ја посети канцеларијата на претседателот Зелениски, а разговараше со потпретседателката на владата Ирина Верешчук, како и со локалните новинари и припадници на украинскта војска.

„Колку повеќе такви луѓе има сега во нашата земја, вистински пријатели на Украина, кои ја поддржуваат борбата за слобода, толку побрзо ќе биде можно да се запре рускиот предавнички напад“, се вели во соопштението.
Scroll to Top