„Ако животот е натпревар, тогаш таа е шампион“-Викторија Бекам на насловната на грчкото „Вог“

Мартовскиот број на грчкото издание на магазинот „Вог“ го привлече вниманието на светската јавност., зардаи ансловната страна на која е Викторија Бекам. Таа носи креација од  грчкиот бренд „Zeusndione“.

Мартовскиот број има уште една насловна страна со Викторија, на која фокусот е на нејзиното лице.

 

Фотографиите ги направи познатиот фотограф Алекси Лубомирски.

„Ако животот е натпревар, тогаш Викторија Бекам е шампион. Жена која се соочила со професионалните и семејните предизвици со еднаква храброст, победувајќи низ времето и времето повторно како некој на кој совршено му стои името што ја слави победата. Креативниот ум зад еден од водечките брендови во модата, член на една од најуспешните женски поп-групи во историјата, сопруга на еден од најбараните мажи на планетата и мајка на четири деца, Викторија Бекам ја краси насловната страна на „Победничкото“ мартовското издание на „Вог Грција“. Во фото-сесијата која ја прегрнува пролетта, повторното раѓање и светлива, Викторија позира пред објективот на реномираниот фотограф Алекси Лубомирски…“, е дел од објавата на Инстаграм профилот на „Вог Грција“. Изданието ќе биде во продажба од 23 февруари .

Scroll to Top