Aктер од серијата „Squid Game“ обвинет e за сексуално вознемирување

Најстариот актер во серијата  Squid Game, 78 -годишниот О Јеонг Су обвинет е за сексуално вознемирување од жена која тврди дека пред пет години непримерно ја допирал по телото.

Таа инцидентот го пријавила во декември, минатата година, но пријавата била отфрлена во април годинава.

Случајот повторно е отворен по барање на оштетената. О Јеон Су во петокот бил одведен на разговор со обвинителите, но не е приведен. Во официјално соопштение кое актерот го испрати до јужнокорејската телевизиска станица JTBC стои дека актерот ја држел само за рака за да и покаже по кој пат да оди на прошетка околу езерото.

„Се извинувам, затоа што таа рече дека нема да прави проблеми околу тоа, но тоа не значи дека го признавам делото за кое ме обвинуваат“, стои во соопштението на актерот.

Од судот во градот Сувон официјално е соопштено дека сè што објавија локалните медиуми за овој случај воопшто не е точно. Како резултат на аферата, Министерството за култура на Јужна Кореја ја повлече владината реклама со О Јеонг Су.

Во серијата Squid Game која се прикажува на Нетфликс, О Јеонг Су го игра најстариот ученик во играта за преживување.

Инаку телевизиската серија освои Златен глобус, а актерот Еми награда за најдобра машка улога.

Scroll to Top