Актери кои остварија сјајни улоги, но за нив нема Оскар

Листата на актери и режисер кои и покрај извонредната глума не освоиле оскар е долга. Во неа се наоѓаат имињата на Бред Пит, Ричард Гир, Том Круз,

Цела низа на легендарни холивудски актери кои не добиле Оскар, а одиграле сјани улоги. Роберт Ретфорд е еден од оние кои одлучил да замине во филмска пензија. Филмот Old Man и The Gun ќе бидат неговите последни филмски дела. Иако на филмското платно е речиси повеќе од 60 години, тој никогаш не ја добил оваа престижна награда.

Ричард Гир е најпознат по филмот „Американско жиголо“. Одигра сјајна работа во филмовите „Арбитража“, „Внатрешна работа“, „Чикаго“, но својата златна статуа сеуште ја нема добиено. Мишел Фајфер има 34 номинации за разни награди, од кои 23 се освоени, но и покрај улогите во класиците „Лице со лузна“, и „Опасни врски“, таа не ја доби златната статуа. Ед Харис одработи сјајна работа во филмовите „Шоуто на Труман, „Карпата“ и многу други, но сепак не освои Оскар.

Неизбришлива трага во Холивуд остави и Том Круз. Го имаше во спектаклите „Невозможна мисија“. Имаше и други солидни драмски улоги. Беше номиниран за споредна улога во филмовите „Роден на 4 јули“, „Магнолија“, но сепак не доби Оскар. „

„Седум“, „Дванаесет мајмуни“, „Клуб борец“, се само некои од филмовите во кои Бред Пит се снајде одлично. Но, ни тој не може да се пофали со Оскар.

Сер Ијан Макелен, легендарниот британски актер кој се оствари во фантастични улоги, а публиката го знае како Гандалф од „Господар на прстените“, исто така нема освоено Оскар.

Миа Фароу остави неизбришлива трага во филмовите на Вуди Ален, но ни таа нема добиено Оскар.

Листата на имиња кои не го добиле ова признание, а го заслужиле е долга. Меѓу нив се наоѓаат и имињата на Самуел Л. Џексон, Хју Џекман, Брус Вилис, Лиам Нисон, Наоми Вотс, Бредли Купер и многу други. На оваа листа се имаат најдено и некои од познатите режисери како што се, Ридли Скот, Дејвид Финчер, Дејвид Линч.

Scroll to Top