Актерите кои го глумеа Џокер се соживеале во улогата

Холивудскиот актер Хит Леџер и Џаред Лето толку се соживеале во улогата на негативецот во Бетмен филмовите, Џокер што тоа влијаело и на нивните животи.

Покојниот актер Леџер кој го глумеше Џокер во 2008 година во „Темниот витез“, го доведе ликот до совршенство, тврдат обожавателите. Тој за улогата на Џокер постхумно доби и Оскар.  Го глумеше Џокер каков досега го немаме видено вели неговиот татко. Леџер наводно толку уживал во својата улога, што тоа влијаело на неговиот приватен живот.

„Неколку недели беше заклучен во хотелска соба. Целосно за да се трансформира во ликот на Џокер. Типично за Хит. Секогаш сакаше да се внесе во ликот кој го толкува, но овој пат навистина претера“, раскажа неговиот татко.

Џаред Лето исто така го толкуваше ликот на Џокер во „Одред на оптишаните“ во 2016 година. Тогаш Џек Николсон и Хит Леџер добија достоен наследник, а фановите коментирале дека изгледа спектакуларно и крајно пореметено. Лето толку се поистовети со ликот што дури не ги ни гледал своите претходници, туку само посакал да направи своја верзија на ликот кој се темели исклучиво на стрипот. Пред снимањето пред публиката ги пробувал сите видови на насмевка и гледал кои од нив најмногу ќе ја преплаши и вознемири публиката.

Последниот на листата ликови кои го глумат Џокер е Хоакин Феникс (43). Иако новиот Џокер во кино салите треба да стигне дури на 4 октомври следната година, продуцентите објавија негова фотографија уште сега.

„Работиме на нешто најстрашно што некогаш ќе го видите“, вели актерот.

Варнер Брос го опиша филмот како истражување на човекот кој општеството го нема земено во предвид, нешто што треба самото општество да го земе во предвид и да биде еден вид на опомена.

Покрај овие тројца, ликот на Џокер го имаат глумено уште неколку актери пред нив. Овој ултимативен негативец од 40-те години од минатиот век се појавува во бројни серии, филмови, стрипови, компјутерски игри, производи…

Гласот на Џокер во анимираните филмови

Низ текот на годините, во цртаните филмови, гласовите на Џокер ги толкувале Мајкл Емерсон (Враќањето на Витезот на Темницата), Џон ДиМаџио (Бетмен: Кој се крие под црвениот капит), Кевин Мајкл Ричардсон (Бетмен) и Бренд Спинер (Тинејџери суперјунаци).

Цезар Ромеро – Бетмен (1966)

Американско британскиот актер Цезар Ромеро бил првиот кој го глумел Џокер во далечните 60-ти години од минатиот век. Неговиот Џокер бил далеку поразличен од денешниот. Целото лице му било обоено во бело. Боја имал дури и преку брковите. Како оружје имал смртоносна играчка апарат, а често знаел и да запее. Актерите кои ја играа истата улога после него, коприрале некои елементи, но секој додавал нешто свое така што денеска се работи за целосен поинаков лик, многу помрачен од оној на Ромеро.

Џек Николсон – Бетмен (1989)

Многумина и денеска кога ќе се спомене името Џокер, прво што им паѓа на памет е легендарниот Џек Николсон. Тој го глумеше негативецот во верзијата на Бетмен од Тим Бартон од 1989 година.

„Ми се допаѓа што Џокер ги надминува сите граници на невкусното“, изјавил Џек Николсон за својот лик.

Маркл Јамил – Бетмен: Анимирана серија (1992) 

Маркл Хамил е познат по улогата на Лук Скајвокер, затоа што го позајмил гласот на Бетмен во анимираната серија и освои голем број награди за својот труд.

 

 

Scroll to Top