Актерката Кристина Еплгејт хоспитализирана повеќе од 30 пати во последните три години

Актерката Кристина Еплгејт рече дека била хоспитализирана повеќе од 30 пати во последните три години поради тешки гастроинтестинални проблеми поврзани со нејзината болест, мултиплекс склероза.

Во новата епизода од нејзиниот подкаст Еплгејт збпруваше за здравствените проблеми, честото повраќање, дијареата и болките. Таа рече дека и покрај бројните медицински тестови, точната причина за овие симптоми останува нејасна.

„Ова е навистина важно бидејќи во овие три години, откако ми беше дијагностицирана мултиплекс склероза, бев во болница повеќе од 30 пати поради повраќање, дијареа и болка што е незамислива“, рече Еплгејт.

„Разговарајте со вашиот лекар за проблемите со подвижноста. Затоа што една од работите со мојата болест е тоа што ги успорува нашите органи“, рече актерката.

Мултиплекс склероза е хронична, автоимуна болест која го предизвикува имунолошкиот систем на телото да го напаѓа централниот нервен систем, според Националното здружение за мултиплекс склероза, предизвикувајќи различни невролошки симптоми.

Откако е дијагностицирана со оваа болест во 2021, Еплгејт беше отворена да зборува за влијанието на болеста врз нејзиниот живот и кариера.

Scroll to Top