Актерката Роуз Мекгован раскажа детали од силувањето што го доживеала од страна на продуцентот Харви Вајнштајн. Таа во својата книга „Храбра” ги опишала деталите. Двајцата се запознале на филмскиот фестивал „Санденс”. По премиерата на филмот во кој глумела, продуцентот ја поканил во ресторан на ручек. Тогаш имала 23 години.
„По проекцијата ме покани на состанок во ресторан, но неговиот агент ми кажа да одам во неговата соба. Верував дека ќе зборуваме за моите идни проекти. По половина час, ми пријде, ме соблече и ме турна кон џакузито. Изгледаше како растопен ананас”, пишува Мекгован.
Но, таму се случило и тоа што го нарекува „најодвратниот дел од нејзиното искуство”.
„На сила ми пружи орален секс, а истовремено мастурбираше. Со солзи во очите ја видов неговата сперма како плови на меурчињата во џакузито”, напишала Роуз во своите мемоари кои од денес се продаваат ширум Америка.
По силувањето, како што вели, се чувствувала грозно. Сепак, се договорила со него за паричен надомест и му зела 100.000 долари во далечната 1997 година, кога сето ова се случило.