Актерката Тројан Белисарио се породи во автомобил

Актерката Тројан Белисарио и нејзиниот сопруг Патрик Адамс, пред еден месец го добија второто дете, ќерката Елиот Роен Адамс. Тие сега во интервју раскажаа дека раѓањето на бебето не било воопшто лесно, оти Тројан се породила во автомобил, на паркингот пред болницата.

Тројан откри дека имала контракции, но дека не кренала паника, бидејќи со првото дете породувањето траело 26 часа, па таа не очекувала дека ќе се породи веднаш.

„Патрик возеше, а јас почнав да го туркам појасот далеку од мене. Имав голема болка и повеќе не можев да останам во седечка позиција“ рекла актерката.

„Кога пристигнвме во Медицинскиот центар Седарс-Синај, само што го притиснав копчето за да се крене рампата и да влеземе на паркингот, таа вресна, и додека ја свртев главата, Тројан веќе беше на раце и колена. Истрчав до портирот и му реков: Се пораѓа во автомобилот. Треба да симнете инвалидската количка, ни требаат луѓе! Сите професионалци!, се сеќава Патрик на моментот кога пристигнале во болницата.

Бидејќи неговата сопруга не можела да се смири, тој решил да ѝ ги соблече пантолоните и кога го направил тоа, ја видел главата на бебето. Проверил дали му е заврзана папочната врвца околу вратот, а потоа сам ја породил Тојкан, пред да дојдат лекарите.

„Уште бев клекната на раце и на нозе, кога слушнав како бебето плаче. Се свртев и го видов Патрик како ја држи за нозете со главата надолу, па си помислив, добро е, жива е“, додала глумицата.

За потсетување, Тројан се прослави со улогата во серијата „Слатките мали лажги“, а Патрик го глумеше сопругот на МЕган Маркл во хит-серијата „Сутс“.

Scroll to Top