Актерот Алек Болдвин побарал од судијата да ги отфрли обвиненијата против него за убиство од небрежност

Адвокатите на американскиот актер Алек Болдвин побараа од судијата да ги отфрли обвиненијата против актерот за убиство од небрежност на снимателката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на вестерн-филмот „Раст“, ​​велејќи дека обвинителите упатиле неосновани обвинувања против Болдвин.

Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико, објави Ројтерс.

Адвокатите на Болдвин во четвртокот поднесоа барање за отфрлање на обвиненијата против Болдвин, осум дена откако поротата ја осуди Хана Гутиерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење.

Scroll to Top