Актерот Дејвид Џејсон на 83 години ги запознал ќерката и внукот за кои не знаел дека постојат

Британскиот актер Дејвид Џејсон, на 83 години дознал дека има уште една ќерка, која денес има 52 години. Популарниот Дел Бој од хумористичната серија „Сплетки“, истовремено дознал дека е и дедо на десетгодишно момче.

Актерот веќе се поврзал со ќерката Еби Харис и вкунот Чарли, пишуваат британските медиуми.

„Малку е да се каже дека ова е изненадување за мене. Откако дознавме за нив, јас, сопругата Џил и нашата ќерка Софи ги примивме во семејството со раширени раце“, изјавил Џејсон.

Еби е родена во 1970 година, по кратката врска на мајка ѝ Џенифер Хил со Џејсон.

„Знаејќи за оваа врска, долго време се сомневав дека тој ми е биолошки татко. Подоцна сфатив дека го имам неговиот нос“, изјавила Еби Харис.

Џејсон е во брак со Џил Хинчклиф од 2005, а ќерката Софи ја добија во 2001, кога тој имаше 61 година.

Scroll to Top