Актерот Џереми Ренер е во критична состојба кога го прегазил чистач на снег

Американскиот актер Џереми Ренер (51)  е опериран, но се уште е во критична состојба по несреќа при чистење снег.

„Ренер се здобил со повреди на градниот кош и со ортопедски повреди и сè уште е на интензивна нега“, вели неговата публицистка Самната Мист.

Актерот бил префрлен во болница во неделата откако бил тешко повреден додека го чистел снег пред својот дом во Рино, Невада. Сајтот ТМЗ објави дека на Ренер прво му помогнал еден од соседите, кој е лекар, па потоа е префрлен во болница.

Според изјавта на еден од соседите Ренер бил прегазен од неговиот чистач за снег, кој му поминал преку нога, поради што изгубил многу крв.

Ренер, е најпознат по улогата на суперхеројот Хокај во серија филмови на „Марвел“.

Scroll to Top