Актерот Елиот Пејџ е првиот трансродов маж на насловната на „Тајм“

Елиот Пејџ е првиот трансродов маж кој ќе се појави на насловната страница на магазинот „Тајм“. За „Тајм“ Елиот раскажува за својата одлука да го открие својот вистински родов идентитет лани пред светот.

Триесет и четиригодишната канадска актерка во декември лани објави дека е трансродова личност и дека место Елен Пејџ, почна да се идентификува како машка личност наречена Елиот Пејџ.

„Она што го очекував беше многу љубов и поддршка и многу омраза и трансфобија и токму тоа и се случи“, вели Пејџ, кој во 2014 година објави дека е геј.

Пејџ се здоби со меѓународно признание со улогата на бремена тинејџерка во филмот „Џуно“ од 2007 година, за која доби номинација за оскар за најдобра актерка, а моментално е актуелен со хит серијата на „Нетфликс“, „Академијата Амбрела“.

„Од мал сум се чувствувал како момче и доживеав голем триумф кога на девет години ми дозволија да носам кратка коса. Ова е она што го сакав и кон што се стремев долги години. Многу сум горд на Елиот“, вели Пејџ, додавајќи дека направил голема операција што целосно му го трансформирала животот.

Scroll to Top