Актерот Мет Смит, кој го глуми принцот Филип во серијата The Crown, открива дека сопругот на кралицата Елизабета Втора е најомилениот лик во кралското семејство.
Смит дошол до заклучок дека Филип е неверојатно смешен и многу паметен. Голем дел од симпатиите му припаѓа и принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон и нивните три деца. По свадбата, повеќето од персоналот во палатата ги обожаваат и војвотката Меган Маркл и принцот Хари. Но, од сите нив, за луѓето што минуваат најмногу време со кралското семејство, најдраг им е принцот Филип.
Мет Смит во разговор за магазинот Variety открива дека поради својата улога во серијата на „Нетфликс“, тој го проучувал Филип и дошол до заклучок дека е најомилен меѓу кралското семејство и тамошниот персонал.
„Сите го сакаат принцот Филип. За разлика од другите членови во кралското семејство, тој остава впечаток на човек што доаѓа од народот“, вели Мет додавајќи дека секој што ќе разговара со некој од членовите во кралското семејство бргу може да сфати дека сите најмногу го сакаат Филип.
Смит вели дека кралскиот протокол по кој сите кралски членови мора да се придржуваат во палатата кон принцот Филип е полабав.
„Целиот свој живот Филип бил бунтовен и поради тоа сите кон него во палатата за време на обраќањето во целост го почитуваат кралскиот протокол“, вели Мет, кој за принцот Филип мисли дека е многу симпатичен, опуштен и отворен кон целиот персонал.
Мет Смит го глуми војводата од Единбург во првите две сезони во серијата The Crown, а неговата сопруга, кралицата Елизабета Втора, ја глуми актерката Клер Фој.