Актерот Овен Вилсон одбива да ја запознае 4-годишната ќерка Лајла

Холивудскиот актер Овен Вилсон не сака да има никаков контакт со неговата ќерка Лајла, која ја доби од врската со уметничката Варуни Вонгсвиратс пред четири години.

dobivaj vesti na viber

Наводно тој од моментот кога Варуни останала бремена не сакал да има никаква врска со неа и со бебето, па дури и барал тест за татковство. Актерот го сменил телефонскиот број кога дознал дека е бремена. И покрај докажаното татковство, Овен не сака да ја запознае ќерка си, додека, пак, нормално комуницира со синовите Роберт и Фин, кои ги има од претходните љубовни врски. Варуни не сакала ниту да плаќа алиментација, иако актерот редовно ја дава во износ од 25.000 долари.

Таа еднаш за Vanity Fair призна дека Вилсон никогаш не ја запознал својата ќерка, ниту, пак, има намера да го стори тоа. Таа вели и дека го молела своето поранешно момче да се вклучи во животот на Лајла, но тој одбил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Varunie (@varunie)

Овен Вилсон важи за еден од омилените на жените, тој е најпознат по улогите во романтичните филмови, а во последните години и по семејните комедии. Така неодамна се појави и трејлерот за неговиот нов филм „Secret Headquarters“ во кој тој глуми татко суперхерој чиј син го открива неговото тајно гнездо кога оди на мисија и заедно се борат против криминалците.


Scroll to Top