Актерот Расел Бенд обвинет за силување

Британскиот актер и комичар Расел Бренд е обвинет за силување, сексуални напади и емоционална злоупотреба. Четири жени го обвинија за сексуални напади меѓу 2006 и 2013 година, а истите следеа по истрагата на „Сандеј тајмс“, „Тајмс“ и „Канал 4“.

Низ годините имал различни работни места на високи позиции во „Би-Би-Си“ „Радио 2“ и „Канал 4“ и како актер во холивудски филмови, па други тврдења во истрагата вклучуваат наводи за контролирачко, навредливо и предаторско однесување. Тој ги отфрли обвинувањата и рече дека односите биле спогодбени.

Истрагата е објавена на веб-страницата на „Сандеј тајмс“, додека документарниот филм „Диспечес“, ќе се емитува на „Канал 4“. Неколку жени поднесоа обвинувања против Бренд како дел од истрагата. Уредничката на вестите на „Канал 4“, Луиза Комптон, рече дека четири од жените биле сексуално нападнати.

Една жена тврди дека Бренд ја силувал на ѕид во неговиот дом во Лос Анџелес. Истиот ден била лекувана во кризен центар за силување. „Тајмс“ вели дека виделе медицински досиеја за да го поткрепи ова тврдење. Втора жена тврди дека Бренд ја нападнал кога тој имал 30 години, а таа имала 16 години и била средношколка. Таа тврди дека тој ја нарекувал „дете“ за време на емоционално навредлива и контролирачка врска. Трета жена тврди дека Бренд сексуално ја нападнал додека работела со него во Лос Анџелес, и дека тој се заканил дека ќе преземе правни мерки доколку таа каже некому. Четвртата жена наводно била сексуално нападната од Бренд, а тој физички и емоционално ја малтретирал.

Вчера тој објави видео на Јутјуб во кое ги негираше овие сериозни обвинувања велејќи дека е предмет на координиран напад.

„Овие наводи се однесуваат на времето кога работев мејнстрим, кога бев цело време во весниците, кога бев во филмовите, и како што опширно пишував во моите книги, бев многу, многу промискуитетен. Во тоа време на промискуитет, односите што ги имав беа апсолутно, секогаш консензуални“, вели Бренд во видеото.

Scroll to Top