Ал Пачино и Џони Деп заедно ќе снимаат филм за прославениот сликар Амедео Модиљани

По 25 години режирање на филмот „Brave“ во кој глумеше со Марлон Брандо, Џони Деп повторно режисера филм. Како што пренесува „Холивуд репортер“, Џони Деп ќе режира и ќе продуцира филм за познатиот италијански сликар Амедео Модиљани. А, еден од продуцентите на филмот ќе биде и славниот Ал Пачино.

„Сагата за господинот Модиљани е онаа за која сум неверојатно почестен и искрено понизен пред задачата да ја пренесам на екранот“, изјави Деп.

Филмот нема да биде целосна биографија на познатиот сликар. Приказната на филмот минува низ турбулентни 48 часа кои ќе станат пресвртница во животот на сликарот.

Амедео Модиљани се смета за еден од најважните италијански сликари на 20 век. Неговиот стил е препознатлив по еротиката и портретите на жени со издолжени лица и фигури. Интересно е што и самиот Џони Деп понекогаш се занимава со сликање. „ Најмногу сакам да сликам лица, очи. Секогаш ја имате таа желба да видите што се случува зад нечии очи, да ја видите емоцијата “, изјавил еднаш Деп за „Венити фер“.

Инаку, Деп моментално е ангажиран за снимањето на филмот „Луј XV“ во кој ја игра улогата на Луј XV во историска љубовна приказна. Филмот започна со снимање на крајот на јули и е првиот филм на Деп по три години и судењето со Амбер Херд.

Scroll to Top