Актерот Ал Пачино на 83 години ќе стане татко по четврти пат. Според порталот ТМС актерot и неговата партнерка 29 годишната Нур Алфала се на само еден месец од пристигнувањето на принова во нивното семејство.
Актерот веќе ја има ќерката Џули (33) со поранешната девојка Јан Тарант, како и близнаците Оливија и Антон, двајцата 22 години, со актерката Беверли Д’Анџело.
Пачино и Алфала најпрво ги поттикнаа гласините дека се во врска откако беа забележани како одат на вечера минатиот април.
Веста за бременоста доаѓа истиот месец кога неговиот долгогодишниот колега Роберт де Ниро (79) го дочека седмото дете со девојката Тифани Чен. Токму затоа, и Пачино се најде на насловните страници со веста дека ќе стане татко.
Холивудските легенди глумеа заедно во неколку филмови, меѓу кои The Irishman (2019), Heat (1995) и The Godfather 2 (1974).
Алфала претходно беше во романса со иконата на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер и милијардерот Николас Бергруен.
Алфала е родена во Беверли Хилс, ја посетувала школата за театар, филм и телевизија UCLA, а подоцна продолжува со кариерата како продуцент.