Албумот на Роби Вилијамс по 13 пат прв на музчките листи

Роби Вилијамс е меѓу најслушаните музичари во Велика Британија, со оглед на тоа дека со неговиот најнов албум по 13 пат е на првото место на музичките листи. Ова досега му успеало само на кралот Елвис Присли.

Неговиот албум „The Christmas Present“ минатата недела беше на второто место, зад групата Колдплеј, но сега е на првото, пишуваат британските медиуми. Сепак, апсолутен рекорден по бројот на албуми на првото место се уште се Битсли, кој имале 15 такви албуми.

Песната „Dance Monkey“ на австралиската пејачка Тонс енд Ај, го изедначи рекордот во женска конкуренција за сингл кој на врвот помина дури 10 недели. Ваквиот успех досега го имале само Витни Хјустон со песната „I Will Always Love You“ во 1992 година и Ријана со својата „Umbrella“ од 2007 година.

Scroll to Top