Алек Болдвин не пукал во Халина Хачинс покажуваат новите докази

Окружниот обвинител во Санта Феј, Мери Кармак Алтвис, за „Винити Фер“ рече дека Алек Болдвин не пукал во снимателката Халина Хачинс, пишува „Њујорк пост“. Таа го гледала интервјуто на Болдвин во декември и смета дека тој не го повлекол чкрапалото на пиштолот.

„Се случува да ја повлечете иглата на чеканот и во исто време да не го повлечете чкрапалото. На тој начин иглата не е заклучена. Во случај да ја повлечете до пола, а потоа ја ослободите, истата може да го погоди почетниот дел од куршумот и да дојде до испалување“, објасни Кармак-Алтвис.

Алтвис рече дека покренала своја неофицијална истрага за да истражи дали Болдвин го повлекол чкрапалото и докажала дека тој само го повлекол чеканчето од пиштолот.

„Не знаев многу за пиштолите. Уште помалку за револверите од 1850 години“, рече Алтвис.

Таа го замолила еден од своите истражители да донесе револвер во нејзината канцеларија за да проверат дали механички дефект би можел да ја предизвика несреќата. Откако направиле пробен тест, двајцата истражители го прегледале пиштолот за да видат дали е наполнет.

Тестот покажал дека чеканчето може да предизвика испалување на куршумот. Сепак Алтвис и нејзиниот истражител рекоа дека сè уште чекаат на ФБИ да заврши со анализите.

Иако Болдвин рече дека не го повлекол чкрапалото, во тужбата која ја поднесе супервизорот на сценариото во филмот „Рѓа“, е наведено дека Болдвин намерно пукал од пиштолот во Хачинс.

„Никогаш не би вперил пиштол во некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш“, рече Болдвин во интервјуто.

Адвокатите на нејзиното семејство минатата недела поднесоа тужба против него за убиство од небрежност. За потсетување, Болдвин минатата година за време на снимањето на филмот „Рѓа“, во Ново Мексико, ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс и го рани режисерот Џозел Соуза.

Scroll to Top