Алек Болдвин се откажа, нема да го глуми таткото на Бетмен

Улогата на Томас Вејн никогаш не била спектакуларно прикажана на филмското платно, но Алек Болдвин немаше време ниту да се израдува за фактот дека е избран да биде новиот филмски татко на Бетмен, бидејќи се откажа од улогата само неколку дена по прифаќањето на истата. Во понеделникот беше објавено дека Алек Болдвин ја презема улогата на Томас Вејн во новиот филм за омилениот стрип негативец – Џокер.

Оригиналниот извештај од Hollywood Reporter тврдеше дека улогата на Томас Вејн во The Joker е опишана како „модул од 80-тите кој сите обожаваат да го мразат“, многу слична на онаа на Доналд Трамп во реалниот живот – нешто што му прилега совршено на Алек Болдвин, ако се земе предвид дека тој веќе подолго време глуми како сатирична верзија на американскиот претседател на шоуто Saturday Night Live.

Откако вчера најави дека нема да биде дел од филмот, денеска Алек Болдвин појасни дека воопшто не е заинтересиран за продолжување на соработката со филмската екипа предводена од Мартин Скорсезе и Жоакин Феникс.

„Не сум дел од тој филм повеќе. Сигурен сум дека има барем 25 други актери кои можат да ја глумат истата улога“, изјави Болдвин.

И покрај проблемите со кастингот, The Joker треба да има премиера на 24 октомври следната година.

Scroll to Top