Алек Болдвин се потсети на трагедијата од пред една година кога ја застрела снимателката Халина Хачинс

Глумецот Алек Болдвин по една година се присети на трагедијата во Ново Мексико кога со пиштол реквизит ја усмрти снимателката Халина Хачинс, а го рани и режисерот Џоел Соуза. Несреќата се случи додека го снимаа филмот „Рѓа“. По несреќата ФБИ покрена истрага и го прогласи Болдвин за виновен.

Во извештајот потврдија дека глумецот пукал со пиштолот со кој беше убиена Хачинс, а ранет Соуза. Форензичките докази беа прегледани и од Канцеларијата на медицинскиот истражител во Ново Мексико. Но, по направената обдукција заклучија дека станува збор за несреќа.

„По прегледаните достапни извештаи кои ги добивме на увид, не беа покажани убедливи докази дека оружјето е намерно наполнето со вистински куршуми на снимањето. На темел на сите достапни информации, вклучувајќи ги и непостојаните очигледни намери на нанесување повреди, ова најдобро може да се класифицира како несреќа“, напишаа во извештајот, а пренесе Sky News.

Scroll to Top