Алек Болдвин се спогоди со семејството на снимателката што ја уби, снимањето на филмот ќе продолжи

Глумецот Алек Болдвин се спогоди со семејството на снимателката Халина Хачинс, која ја уби за време на снимањето на филмот „Раст“. Болдвин ненамерно пукаше во неа со пиштол реквизит, а го погоди и режисерот Џоел Соуза.

Деталите од спогодбата не се познати и треба да бидат одобрени од судот.

„Сите страни веруваат дека смртта на Хачинс била несреќа“, рече сопругот на Халина, Метју Хачинс, кој е новиот извршен продуцент на филмот што ќе продолжи да се снима во јануари.

Снимањето на ќе биде довршено со целата оригинална екипа како своевидна посвета на неговата сопруга.

„Немам никаков интерес да обвинувам некого за нејзината смрт“, рече Метју.

Во тужбата против Болдвин, продуцентите и други лица кои биле дел од филмот, стои дека биле прекршени неколку стандарди на филмската индустрија. Инцидентот кој го шокираше филмскиот свет се случи во октомври минатата година во Ново Мексико.

Scroll to Top